Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи го „откри“ новиот тренер на ПСЖ и најави радикална промена во трансфер политиката!

Објавено

на

Насер Ал Келаифи иронично говореше за успехот на Реал Мадрид во интервјуто кое го направи за „Марка“, но напоредно беше објавен уште еден разговор со претседателот на ПСЖ, ова од страна на угледниот француски „Ле Паризен“.

Во второто интервју, Ал Келаифи отворено откри дека ПСЖ работи на замена на Маурисио Покетино и посочи дека клубот во ниту еден момент не го контактирал Зидан, признавајќи дека се во напредни преговори за доведување на Кристоф Галтие од редовите на Ница.

– Ми се допаѓа Зидан, беше фантастичен тренер со неверојатна класа и исто така се докажа како врвен тренер. Но, ние никогаш не дискутиравме со него, му немаме понудено ништо директно и индиректно. Многу луѓе се заинтересирани за него, но ние не зборувавме со него. Имаме друг план.

– Не е тајна дека разговараме со Галтие. Преговараме со Ница и се надеваме дека брзо ќе најдеме договор. Го кажувам ова со огромен респект кон Ница и нејзиниот претседател Ривер. Секој има свои интереси и ние не ги криеме нашите, сметаме дека Галтие ќе биде најдобар за нашиот проект кој е во тек, – вели Ал Келаифи, кој најавува и радикална промена во трансфер политика во наредните години.

– Ние веќе сме тука долго време и планираме да останеме уште долго. Ќе го составиме најдобриот центар за формација на играчи во светот и мојата цел во наредните години е да ја промените политиката и да имаме само играчи од Париз во нашиот тим. Има многу талент во овој регион во Франција и најдобрите од Париз треба да играат за ПСЖ. Ќе биде потребно време за тоа, но тоа е наша цел. Го сакавме новиот Меси, сега го сакаме новиот Мбапе. Нема да биде лесно, но веруваме дека можеме да го направиме тоа, – завршува претседателот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни