Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Пандев за договорот со Парма: Ова беше најбрзо реализираниот трансфер во мојата кариера

Објавено

на

Горан Пандев ги изненади фудбалските фанови со вчерашниот трансфер во Парма, а тоа значи дека во продолжение од сезоната ќе му биде соиграч на Џиџи Буфон во членот на Серија Б.

Агентот на Македонецот, Леонардо Корси, во интервју за италијанските медиуми открива дека и самиот не бил свесен дека е можно вакво сценарио, а трансферот бил договорен за неколку часа.

– Еден ден претходно разговарав со менаџерите на Парма на сосема други теми. Во 16:30 часот вчера ми се јавија и ме прашаа дали е возможно Пандев да се пресели кај нив. Никогаш не сум договорил трансфер за толку краток период.

– Идејата дојде телефонски и целиот трансфер го реализирав од мојот дом. Бев скептик до крај, веројатно ако тргнев со автомобил и заглавев во сообраќај, немаше да стигнеме навреме, – открива Корси.

Агентот на поранешниот македонски капитен зборува и зошто тој и Пандев ја прифатиле понудата.

– Во Џенова имаше многу промени, стана јасно дека сакаат да го почнат новиот проект со млади фудбалери. Јасно е дека не му рекоа ништо на Горан поради респектот кој го имаат кон него, но стануваше видливо дека не може да биде сериозен протагонист во оваа фаза.

– Не знам колку е лесно на негова возраст да речете ќе започнам нова авантура среде сезона, но Пандев е како младо момче и се уште е максимално мотивиран да се наметне и да остави свој печат во екипата во која настапува, – истакнува Корси.

Агентот на Пандев вели дека не може да тврди дека ова е последна сезона за Пандев, како што самиот фудбалер најави при продолжувањето на соработката со Џенова.

– Засега би рекол дека му е последна сезона, но којзнае… Тој поседува голема енергија која може да го мотивира да продолжи. Се до вчера идејата беше да ја заврши кариерата во Џенова, мислам дека ќе продолжи да живее таму по крајот на кариерата, – вели Корси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни