Поврзете се со нас

Балкан

Адеми повторно се повреди, Динамо киксираше во првенството

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заработи повреда на денешното разочарувачко реми за неговиот тим Динамо во дуелот со Локомотива.

„Модрите“ испуштија два важни бода во битката за шампионската титула, а на тренерот Жељко Копиќ не му успеа ниту идејата да го одмори искусниот капитен во пресрет на втората пресметка со Севилја.

Адеми мораше да им помогне на соиграчите во вториот дел, но по еден судир со соиграч, заработи незгоден удар и неколку минути подоцна беше повлечен од игра.

Динамо не успеа да реализира и да победи, а Адеми не го криеше своето разочарување од уште еден малерозен момент во текот на оваа сезона.

Нашиот втор репрезентативец Стефан Ристовски денеска не беше во составот на Динамо поради суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни