Поврзете се со нас

Македонија

Адем: Среќен сум што се враќам во Шкупи, ќе дадам се од себе за да ја одбраниме титулата

Објавено

на

Екипата на Шкупи официјално го промовираше најновото летно засилување кое многу добро и е познато на публиката во Чаир и на македонската јавност-тоа е Али Адем.

Адем минатата година го носеше дресот на чаирчани, но со оглед на тоа што беше позајмен од Арис мораше да се врати во Грција и преку Верија дојде до Шкупи со кого потпише двегодишен договор.

-Секако дека сум среќен што се врати во Шкупи. Ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене и се надеваме дека ќе стигнаме што подалеку во квалификациите за ЛШ и дека ќе ја одбраниме титулата во домашниот шампионат, -истакна Али за официјалната веб страна на македонскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни