Поврзете се со нас

Репрезентација

Адем: Целта е јасна, мора да освоиме три бода

Објавено

на

Нашата млада репрезентација до 21 година е веќе во Фарски Острови каде утре од 15 часот ќе се соочи со домаќинот во натпреварот од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одигра во Романија и Грузија.

Надежите во првите две кола не успеаа да победат против Франција (3-0) и Србија (0-0), па затоа сега се дополнително мотивирани да ги освојат трите бода на пресметката во Класвик.

-Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Одеме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода.

-Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода, -вели Али Адем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни