Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 го долови инцидентот од нов агол: Најдраматичното видео од страшниот инцидент на Монца

Објавено

на

Макс Ферстапен беше прогласен за виновен од страна на стјуардите на Монца и доби казна од три места во поредокот за наредната трка во Сочи, сето тоа како последица на инцидентот кој го имаше со Луис Хамилтон во првиот свијок на легендарната патека.

Трката за Големата награда на Италија заврши прерано за главните конкуренти за титулата, а Хамилтон покрај тоа што го нападна помладиот колега, дополнително нагласи дека „хало“ системот му го спасил животот.

Британецот имаше навистина голема среќа во оваа ситуација бидејќи болидот на Ферстапен се најде над неговиот Мерцедес, а најдобар видео доказ за опасноста која надвиснуваше над Хамилтон сега објави Формула 1.

Официјалниот Твитер профил на Ф1 проследи најново и најдраматично видео од инцидентот кој го имаа Луис и Макс, кое покажува како тркалото од болидот на Ферстапен слетува врз Мерцедесот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни