Поврзете се со нас

АТП

Зверев доби уште една важна битка со Ѓоковиќ и ќе игра за титулата во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

Германецот Александер Зверев ќе биде противник на Данил Мадведев во големото финале на АТП завршниот турнир што се одржува во Торино.

Зверев во вечерашното полуфинале беше подобар од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. Два ипол часа се надигруваа Саша и Ноле за да на крајот помладиот биде оној што го има завршниот збор и со 7:6, 4:6, 6:3 дојде до триумф со кој е во можност утре да игра за пехарот во Италија.

Ова е втора голема победа на Зверев над Ѓоковиќ во 2021 година, првата беше во полуфиналето на ОИ во Токио каде исто со 2-1 беше подобар од 20-кратниот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни