Поврзете се со нас

Репрезентација

Женската У19 репрезентација стартуваше со победа на квалификацискиот турнир во Белорусија

Објавено

на

Македонска женска фудбалска репрезентација до 19 години со победа над Фарските Острови (3:0), го започна турнирот на кој се бори за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко одлично го отворија настапот во Белорусија, а резултатот беше отворен во 33. минута со голот на Теодора Николовска.

Предноста беше зголемена преку Теа Божиноска во вториот дел, а Кристина Мојсоска од пенал во 87. минута ги постави конечните 3:0.

На првиот натпревар од групата, домаќинот Белорусија го совлада Кипар со 6:0.

Следен противник на македонската женска У19 репрезентација е токму Белорусија, а натпреварот се игра на 23. октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни