Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски го демолираше Родригез во Лас Вегас и покажа дека е „крал“ во својата категорија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ufc

Александар Волкановски уште еднаш потврди дека е вистински „крал“ во перо категорија, откако рано утрово во Лас Вегас ја доби битката со Јаир Родригез, кого буквално го демолираше во трите рунди.

Александар „Велики“ после контроверзниот пораз од Махачев доби дополнителна мотивација да се докаже на УФЦ 290 евентот кој се одржа во „Ти-Мобајл“ арената во Невада, а изданието кое го имаше борецот со македонско потекло само потврди за каков борец станува збор.

Австралиецот презентираше доминација од самиот старт и во првите две рунди кои му припаднаа него му зададе тешки удари на Родригез, кој комплетно потклекна во третата рунда.

Иако клучната серија започна со удар на Јаир, Алекс потоа возврато со извонредно десно кроше, а од тука започна и агресијата која продолжи со брутални удари кои завршија со прекин на борбата.

Судијата мораше да го прекине Волкановски во обидот да го изобличи Родригез, по што стана јасно дека Волкановски ја одбрани и петтата титула во перо категорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни