Поврзете се со нас

Формула 1

Волф за инцидентот на Монца: „Хало“ му го спаси животот на Хамилтон

Објавено

на

Луис Хамилтон откри дека има болки во вратот, но е среќен што минал без посериозни повреди по вчерашниот инцидент на Монца, а тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека „Хало“ системот му го спасил животот на актуелниот Формула 1 шампион.

– „Хало“ системот дефинитивно му го спаси животот на Луис.

– Без него, ќе се случеше нешто страшно на кое не сакам ни да помислам.

– Шампионатот досега донесе многу забава, но видовме дека „Хало“ му го спаси животот на Хамилтон, не би сакал да видиме некој посериозен инцидент, – изјавил Волф.

Самиот Хамилтон сериозно го критикуваше „Хало“ по неговото воведување во Формула 1, за подоцна да ги сфати придобивките од него, вклучувајќи ја и неговата безбедност на вчерашната трка.

– Не се сеќавам дека претходно сум бил удрен од болид по глава. Оваа ситуација покажува во каква опасност сме, возам долго и среќен сум што и на оваа трка некој одозгора се грижеше за мене, – изјавил Хамилтон.

„Хало“ системот го спаси Хамилтон од болидот на Ферстапен (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни