Поврзете се со нас

Формула 1

„Хало“ системот го спаси Хамилтон од болидот на Ферстапен (Видео)

Објавено

на

Судирот на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен значеше крај на трката на двајцата возачи на патеката Монца, но движењето на болидот на Ред Бул можеше да донесе и посериозни последици врз неговиот ривал.

Контактот меѓу болидите донесе потскокнување на тој на Ферстапен и истиот заврши врз болидот на Луис Хамилтон.

„Хало“ системот уште еднаш ја покажа својата вредност, бидејќи од она што може да се види од видеото, тркалото на Ферстапен можеше сериозно да го повреди актуелниот Формула 1 шампион.

Од Мерцедес потврдија дека Хамилтон не е повреден, што е најважната вест по овој судир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни