Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ: Ме нервираат споредбите со Ибра

Објавено

на

Душан Влаховиќ самиот се избори за статус на вистинска ѕвезда во Серија А, уште повеќе откако направи сензацинален трансфер од Фиорентина во Јувентус изминатиот зимски преоден рок.

Младиот Србин беше потенциран од јавнсота како еден од најталентираните и најубиствени напаѓачи во Европа, но по трансферот во Јувентус, апетитите станаа уште поголеми, но исто важи и за очекувањата.

Влаховиќ е споредуван со многу елитни напаѓачи кои испишаа историја во светски рамки и според стилот на игра најмногу го нарекуваат наследник на Ибрахимовиќ, нешто што сепак не му се допаѓа на новиот голгетер на Јуве.

– Споредбите со Ибра и со големи шампиони кои имаат постигнато по 400 и 500 голови во кариерите, игрчаи кои освоиле 20 или 30 трофеи за мене се неправедни.

– Да бидам искрен, тоа ме нервира. Кога се прават такви споредби и кога ќе направите една грешка, веднаш почнуваат да ве критикуваат. Сите ние имаме право на грешка, ние сме само луѓе. Не сакам споредби со никого, сакам да имам сопствен пат и сопствена кариера, – вели Влаховиќ во интервјуто за српски „Телеграф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни