Поврзете се со нас

Германија

Вердер го суспендираше Кеита за потегот пред дуелот со новиот шампион Баер

Објавено

на

Foto:twitter.com/werderbremen

Баер Леверкузен ја потврди титулата во Бундеслигата со убедливата победа над Вердер, а гостите на оваа средба настапија без Наби Кеита.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул одбил да патува со соиграчите во Леверкузен откако дознал дека нема да биде стартер за својата екипа, па денеска очекувано си заработи казна од германскиот клуб.

Кеита е суспендиран до крајот на сезоната, а ќе си плати и одредена парична казна која ќе му биде одбиена од договорените примања од клубот.

– Нема да го толерираме однесувањето на Наби.

– Тој го изневери својот тим во тешки моменти во кои се наоѓа и ги стави личните пред тимските интереси. Екипата ќе се фокусира на преостанатите натпревари, но немавме друга алтернатива освен тој да биде суспендиран, – истакнал спортскиот директор, Клеменс Фриц.

Кеита нема ни да тренира, ни да ја користи соблекувалната на првиот тим, со што првата сезона во дресот на Вердер ќе му заврши на најлош можен начин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни