Поврзете се со нас

Лига на нации

Веќе ни има судено: Словачки арбитар ќе ја дели правдата во Тбилиси

Објавено

на

Македонската репрезентација е веќе во Тблиси каде утре ќе се соочи со Грузија во рамките на 5. коло во Лигата на нации.

На нашиот тим му е потребна убедлива победа за да го преземе водството во групата, додека пак триумф од еден или два разлика ќе не израмни со Грузијците, ама тие пак се ќе имаат во свои раце со тоа што во последното коло се соочуват со Гибралтар.

Познати се официјалните лица кои ќе ја делат правдатата на утрешниот меч кој започнува од 18 часот, па така главниот збор ќе го има Иван Кружлиак од Словачка, арбитар кој ни има судено против Исланд во квалификациите за Светското првенство во Русија (2-2).

Исто така ја има делено правдата на младата селекција и тоа на ЕП во 2017 година во дуелот со Португалија кој го загубивме со 4-2.

Него ќе му помагаат сонародниците Бранислав Ханцко и Јан Позор како помошници, додека Петер Кралович е четврти судија.

Кога е во прашање ВАР таму ги имаме Италијанците, Паоло Валери како главен и Марко Бресмес како асистент,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни