Поврзете се со нас

АТП

Вавринка: На Ѓоковиќ не му е потребна лекција од мене

Објавено

на

Станислас Вавринка е само уште еден во низата на врвни тенисери кои го откажаа своето учество на Ју-Ес Опен, откако искусниот Швајцарец процени дека ситуацијата во Њујорк е посебно ризична за одигрување на турнир од врвно нив.

Популарниот Стен добро знае какво е чувстото да се подигне трофејот на Флешинг Медоус, но сепак оваа година нема да тргне во тква потера, од едноставна причина што не се чувствува доволно безбедно во Америка, земја во која секојдневно има илјадници зарацени со коронавирусот.

Покрај тоа што го откажа учеството, Вавринка сега даде и свој коментар за лошата проценка која ја направи светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ кој на средина на пандемија, го организираше Адрија Тур.

– Новак ги следеше упатствата на надлежните органи. Но, како прв играч во светот, мораше да биде поодготовен и попретлазлив за последиците.

– Сепак, јас не сум никој за да го учам нешто. Не му се потребни лекции од мене, доволно се пишуваше и коментираше за тоа, – порача Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни