Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го доби „братското дерби“ и се врати на врвот на табелата

Објавено

на

Екипата на Вардар е нов лидер во Втората македонска лига по денешните натпревари од 13. коло.

„Црвено-црните“ го добија „братското дерби“ со Тетекс со 2-0 со головите на Николовски и Мицевски, победа која им овозможи да се вратат на врвот на табелата по киксот кој Гостивар го направи со Детонит Плачковица.

Домаќините беа фаворити на овој дуел, ама наидоа на силен отпор и на крајот мораа да се задоволат со реми од 1-1.

Кога се во прашање останатите тимови за највисок пласман, Пелистер со голем пресврт ја доби Локомотива Пехчево (3-2), додека Воска беше сигурна против Охрид (3-0).

Резултати:

Беласица – Кожув 3-1

Беса – Борец 3-0

Гостивар – Детонит Плачковица 1-1

Локомотива Пехчево – Пелистер 2-3

Каменица Саса – Караорман 2-2

Слога Виница – Арсими 0-0

Тетекс – Вардар 0-2

Воска Спорт – Охрид 3-0

Табела: Вардар 32, Гостивар 31, Воска Спорт 30, Пелистер 26…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни