Поврзете се со нас

Македонија

Уште еден конкретен потег на клубот од Битола: Мараш уште две години ќе го носи дресот на Пелистер

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжи да влече контретни потези, а последниот е продолжувањето на соработката со Матео Мараш.

Хрватскиот десен бек се обврза на нов договор кој е со важност до јуни 2023 година. Со ова клубот од Битола само потврди дека гради тим на долги стази со оглед на тоа што претходно нови договори за останување во сегашната средина добија одличниот Стипе Мандалиниќ како и тренерот Жељко Бабиќ.

-Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше прилагодување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет.

-Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме сложени во тимот. Добро се согласуваме, добра клапа сме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб, -порача талентираниот Мараш.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни