Поврзете се со нас

Светски првенства

Украина го освои „Хемпден“ и е на чекор до пласман на СП во Катар

Објавено

на

Членовите на украинската фудбалска репрезентација го дочекаа плејоф полуфиналето со Шкотска во специфична емотивна состојба, а големата мотивираност од актуелната ситуација очигледно им помогна да го победат домаќинот со 3:1.

И покра одличната поддршка за Шкотска на „Хемпден“ во Глазгов, Украинците заслужено се изборија за слендата плејоф рунда, а ваквиот исход го најави Јармоленко во 33. минута.

Јаремчук зголеми на 0:2 во вториот дел, а МекГрегор ја врати неизвесноста во 79. минута. Сепак, шкотските репрезентативци не успеаја да израмнат, а Довбик во судиското надополнување ги постави конечните 1:3.

Украина во финалето на мундијалскиот плејоф ќе игра против Велс и тоа на теренот на противникот во Кардиф.

Дуелот Украина-Велс ќе се игра во недела, по што ќе биде познат и последниот претставник на Европа во Катар. Победникот ќе биде во група со Англија, САД и Иран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни