Поврзете се со нас

Боречки спортови

УФЦ 251: Волкановски со „минималец“ против Халовеј, Усман го победи Масвидал

Објавено

на

УФЦ 251 настанот се одржа на островот Јас во Обединетите Арапски Емирати, а учесниците во одлични услови имаа можност да се борат за појасите во своите категории.

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата во лесна категорија против Макс Халовеј, совладувајќи го повторно истиот противник, но со навистина минимална предност.

Двајца судии му дале минимална предност (48-47) на Волкановски, еден со истиот резултат одлучил во корист на Халовеј, па така Австралиецот останува УФЦ шампион во својата категорија.

Внимание предизвика и дуелот во велтер категорија меѓу Камару Усман и Хозе Масвидал.

И во оваа ситуација решаваа судиите со своите поени, но во случајот тие едногласно го прогласија за победник Нигериецот Усман кој доминирал во текот на целата борба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни