Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА направи преседан во Лига Европа поради Кралицата Елизабета (Видео)

Објавено

на

Нарушеното здравје на Кралицата Елизабета предизивка голема раздвиженост пред Бакингемската палата, а во раниот дел од ноќта, за жал пристигна информација дека историската владетелка починала на 96-годишна возраст.

Со оглед на значењето кое го има кралското семејство во Британија, во оддавањето почит се вклучија и сите спортски ѕвезди и тажната атмосфера се префрли и на трибините, а УЕФА како фудбалско тело дури направи и преседан во чест на Кралицата Елизабета.

Во моментите кога беше јасно дека Кралицата е во постела опкружена од своите најблиски, Цирих и Арсенал веќе го играа својот меч во Лигата на Европа, а веста за смртта пристигна додека играчите беа на теренот.

Поради тоа, УЕФА реши да направи преседан и да направи исклучок од редовното функционирање на натпреварите, па смени и еден протокол пред стартот на вториот дел.

За првпат во историјата на натпервар кој го организира УЕФА, едно второ полувреме започна со минута молк, а тоа се случи во чест на Кралицата Елизабета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни