Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА го одреди судијата за финалето на Лигата на шампионите меѓу Сити и Челси

Објавено

на

Европската фудбалска федерација денеска го одреди главниот судија за финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челси.

Натпреварот ќе го води шпанскиот арбитар Матеу Лахос, што за него ќе биде прво големо финале во интернационалната судиска кариера.

На Лахос ќе му помагаат сонародниците Себријан Девис и Перез дел Паломар, четврти судија ќе биде Дел Серо Гранде, додека Ернандес Ернандес ќе биде задолжен за ВАР собата, што исто така е многу одговорна задача.

Лахос беше четврти судија во финалето во 2019 година меѓу Ливерпул и Тотенхем, а ќе стане четврти шпански судија кој делел правда на финалето на најквалитетното европско натпреварување.

Финалето меѓу Сити и Челси е закажано за 29. мај, а УЕФА се уште не потврдила дали тоа ќе се игра во Истанбул или на некој стадион во Португалија како што се најавува последните денови.

Судија во финалето на Лига Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Вилјареал ќе биде Французинот Клемен Турпан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни