Поврзете се со нас

Германија

Твитер „војна“ меѓу Борусија Дортмунд и Нејмар: „Милионерите“ им фатија сеир на играчите на ПСЖ, Нејмар веднаш коментираше (Фото)

Објавено

на

Екипата на ПСЖ забележа неочекуван пораз од Лориен со 3:2 иако во самиот финиш од натпреварот имаа предност од 2:1 против аутсајдерот на овој натпревар.

Овој неуспех е прв за Маурисио Покетино како тренер на францускиот гигант, а истиот ги поттикна челниците на Борусија Дортмунд да им фатат сеир на фудбалерите на ПСЖ кои пред 11 месеци се поигруваа со фудбалерите на германскиот тим по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Лориен по крајот на натпреварот ја ископираа прославата на ПСЖ од средбата со Борусија со која играчите тогаш упатија провокација до Ерлинг Халанд кој така го прослави погодокот.

Од Борусија сега ги дочекаа своите пет минути и им фатија сеир на играчите на францускиот шампион објавувајќи фотографија од славјето на фудбалерите на Лориен под која напишаа: -Сѐ се враќа сѐ се плаќа…, -а на ваквиот Твит веднаш одговори Нејмар кој објави фотографија од неговата прослава токму од средбата со Борусија Дортмунд и само возврати: -Дали се сеќавате?

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни