Поврзете се со нас

Англија

Тухел се дообјасни по неговата изјава за Халанд: Паднав во замка..

Објавено

на

Германскиот стратег од редовите на Челси, Томас Тухел предизвика вистинска бура реакции пред неколку денови кога изјави дека Ромелу Лукаку би бил одличен партнер со Ерлинг Халанд.

По ваквата изјава се појавија низа шпекулации кои го поврзуваа норвешкото чудо од дете со трансфер на „Стемфорд Бриџ“, па сега Тухел мораше да се дообјаснува за оваа изјава.

Германецот истакна дека истата ја кажал како еден вид на шега кога му била доделена награда во неговата родна земја.

– Паднав во замка. Добив награда во Германија, награда од еден весник. Ми ја дадоа наградата и потоа ме прашаа за играчот. Нормално, јас никогаш не сакам да зборувам за други играчи, затоа што јас никогаш не го правам тоа. Помалку или повеќе се шегувавме на тоа интервју, а јас требаше да бидам малку повеќе свесен.

– Бев фин и одговарав на прашањата, а откако ја добив наградата се пошегував дека би било одлично да имаме напаѓачки тандем со Ромелу и Халанд. Потоа на крајот испадна дека ние сме доставиле понуда за него. Контекстот беше поинаков, требаше да знам подобро, -изјави Тухел.

Ерлинг Халанд има феноменални бројки зад своето име во Борусија Дортмунд до сега постигнувајќи 70 погодоци на 69 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни