Поврзете се со нас

Лига на нации

Тричковски: Атмосферата е на највисоко ниво, ќе направиме се за добар резултат

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација со дуелот против Ерменија во Кипар ќе го заврши настапот во втората сезона во Лигата на нации.

Ова е средба која дефинитивно има значење за нас, поточно со секој позитивен резултат, реми или победа го потврдуваме првото место во групата и со тоа обезбедуваме пласман во Б дивизијата. Во нашиот табор атмосферата е одлична и покрај многуте отсуства на важни играчи, но оние кои се тука се убедени дека против Ерменија може да се дојде до целта.

-Атмосферата е одлична и на највиско  ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, неам публика но имамаме императив – прво место, -порача напаѓачот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски.

Средбата Ерменија-Македонија се игра со почеток од 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни