Поврзете се со нас

НБА

Тргнете се од патот: Вестбрук се залета и со „ѕверско“ забивање го разнесе Бијомбо (Видео)

Објавено

на

Со само 17 победи во досегашниот дел од сезоната, Вашингтон е еден од најслабите тимови во НБА лигата, без оглед на тоа што Расел Вестбрук многу често ги завршува натпреварите со трипл-дабл ефекти.

Колку и да игра фантастично според статистиката, Вестбрук премногу често изгледа осамен на теренот, па по двете победи во низа кои се раритет за Визардси, изминатава вечер одново следеше пораз, кој пак е 29-ти од стартот на натпреварувачката кампања во Америка.

Расел забележа трипл-дабл од 22 поени, 15 скокови и 15 асистенции во поразод од Шарлот со 104:114, но од овој меч, посебно ќе се памети ѕверското забивање кое го имаше.

Вестбрук му испорача монструозен постер на противникот Бијомбо и одново ги воодушеви кошаркарските фанови, а имаше интересна изјава и по мечот со оглед на тоа што често знае да биде и мета на критичарите.

Како дете кое научило да игра кошарка на улица, Расел вели дека не му е потребно да добие шампионски НБА прстен, бидејќи тој смета дека автоматски станал шампион во моментот кога стигнал до НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни