Поврзете се со нас

Англија

Тренер од Премиер лигата го нападна Клоп: Тој е првокласен политичар

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изминативе денови е во центарот на вниманието на јавноста затоа што јасно го крена гласот против распоредот на натпреварите во Премиер лигата и против правилото да се користат три замени наместо пет, како што е секаде во останатите топ лиги ширум Европа.

Ваквото однесување на Ливерпул му засмета на Крис Вајлдер, тренерот на последнопласираниот тим во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед кој истакна дека Клоп е првокласен политичар и дека се бори само за Ливерпул, а не за сите клубови од Англија.

– Тој е врвен менаџер, но и првокласен политичар кој се грижи само за Ливерпул. Тоа е се за што се грижи. Никогаш нема да рече: „Што правиме со Шефилд Јунајтед, дали ќе им се вратат навивачите нив или на Њукасл, Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед или некој друг. Тој е првокласен политичар.

– Знам дека има голема поддршка и знам дека „Енфилд“ е тврдина. Поддршката на Ливерпул е фантастична, го знам тоа затоа што мојот татко е од тој дел од светот.

– Знам дека е гласен за некои работи, но Јирген никогаш нема да каже дека не е во ред што тие ќе може да имаат навивачи на стадионот, затоа што се во Зона 2, а Шефилд Јунајтед, Лидс, Манчестер и другите од северот нема да може да играат пред публика, -изјави Вајлдер.

Владата во Англија дозволи присуство на навивачи на стадионите, но само во области кои се означени со Зона 2, а во тие области не спаѓаат наброените од Крис Вајлдер. Пред публика наскоро ќе може да играат сите лондонски клубови и двата клуба од Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни