Меѓународни настани
Трагедија во Србија: Европската шампионка Момчиловиќ-Величковиќ почина на 30-годишна возраст

Српскиот стрелачки сојуз вечерва објави дека европската шампионка Бобана Момчиловиќ-Величковиќ починала во текот на денешниот ден.
Успешната спортистка почина на само 30 години, а според првичните информации причина биле компликации при пораѓањето на Момчиловиќ-Величковиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, познатата стрелачка се породила пред дваесетина дена, но по тој чин нејзиното здравје се влошило од засега непозната причина и таа денеска починала.
Таа во февруари стана европски шампион во стрелаштво и тоа во дисциплината воздушен пиштол 10 метри, во која беше најдобра на ЕП во Вроцлав, Полска.
Бобана Момчиловиќ-Величковиќ има и други успеси на важни натпреварувања, а беше дел и од двете последни Олимпијади одржани во Рио де Жанеиро и Лондон.

- Англијапред 16 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 12 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 11 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 16 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 15 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 12 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 9 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 11 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…