Поврзете се со нас

Шпанија

Торес се врати како „Хулк“ во Атлетико Мадрид (Видео)

Објавено

на

Фернандо Торес вчера беше најавен како повратник во Атлетико Мадрид, откако клубот направи реформи во младинските школи и претстави нови тренери на младинските тимови.

Популарниот „Ел Нињо“ ќе биде предводник на Хувенил А тимот на Атлетико Мадрид во наредниот период и официјално ја стартува својата тренерска кариера, но со самото појавување на денешниот тренинг, повторно стана хит со еден новитет кој е актуелен кај него од пред неколку месеци.

Торес забележа значителна трансформација по крајот на играчката кариера и сега изгледа многу поголемо со мускулната маса која ја има стекнато, па шпанските медиуми не пропуштија да го најават неговиот кам-бек како враќање на „Хулк“.

Поранешниот напаѓач денеска ги започна своите обврски како тренер на третиот тим на Атлетико Мадрид, а со својата појава, беше лесна мета на фоторепортерите и новинарите.

– Горд сум и среќен што се враќам дома. Овој голем предизвик го стартувам со максимална страст, голема е честа да му се служи на Атлетико Мадрид, – порача Торес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни