Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал за новата генерација: Кога се во најдобра форма…

Објавено

на

Познатиот тениски тренер, Тони Надал го истакна својот став за новата генерација и за тоа колку се тие блиску до нивото на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ-тројца играчи кои испишаа и се уште испишуваат историја во белиот спорт.

Тони кој најмногу е запаметен со соработката со Рафа смета дека нема преголема разлика меѓу добро познатата тројка и претставниците на младата генерација.

-Невозможно е да се каже кој е најдобар од Новата генерација или кој ќе освои најмногу грен слемови. Ве уверувам дека кога се во најдобра форма, нивното ниво не е далеку од она на Новак, Рожер и Рафа. Проблемот настанува кога денот не им е добар. Лошата верзија на Медведев е на пониско ниво од лошите Ѓоковиќ, Надал или Федерер, -вели Тони кој направи разлика меѓу тенисот во минатото и тоа што сега се случува.

-Кога Рафа се приклучи на АТП караванот, се играше побавен тенис. Денес се се врти околу силата на ударите, младите не сакаат да губат време и да размислуваат. Штета, -истакна Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни