Македонија
Тиквеш и Прилеп со важни победи останаа во игра за место во плејофот

Денешните три натпревари од македонската ракометна Суперлига обезбедија неизвесност во пресрет на последното коло од Б групата, по кое официјално ќе бидат познати сите патници во плејофот.
Металург го плати цехот за натрупаниот распоред и загуби на гостувањето кај Тиквеш (40:38) во натпревар со дури 78 голови, но скопскиот тим одамна ја обезбеди првата позиција на табелата во својата група.
Најнеизвесно беше во Скопје, каде Бутел го пречека Прилеп, а гостите предводени од Реваз Чантурија стигна до важна победа со резултат 19:21.
Чантурија со 10 голови повторно ја покажа својата ракометна класа и го задржа својот тим во борбата за едно од местата кои водат во плејофот.
Во дербито на дното, Младост триумфираше против Работнички со 35:28, што за домаќините значи дека ќе ја завршат сезоната со две победи.
Шанси за третото место во групата имаат Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Прилеп, а патникот во плејофот ќе биде познат по последното коло.

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 17 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 14 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити