Поврзете се со нас

Германија

Терзиќ за иднината на Белингем: Тој не одбра нас…

Објавено

на

Борусија Дортмунд вечерва му гостува на Челси во реванш натпреварот од осминафиналната фаза на Лигата на шампионите, меч на кој секој позитивен резултат (победа или реми) ги води во наредната рунда.

За да се случи тоа дефинитивно е потребен одличен настап на сите играчи, особено на оние најважните како што е Џуд Белингем кој ќе има можност да се покаже на домашно тло. Џуд игра на високо ниво веќе некое време, па се чини прашање е на време кога ќе се случи негов трансфер иако во Борусија се обидуваат да јја избегнат оваа тема.

-Видете, со сета почит кон Џуд и неговите настапи, ние одговараме на ова прашање уште кога ни се приклучи. Тој не одбра нас затоа што знае дека ова може да биде совршен чекор за него и мислам дека го докажавме и на двата начина. Тој ни помага многу, но јас исто така мислам дека ние како клуб на оваа фаза му помагаме на него и неговата кариера.

-Ние сме навистина среќни и воодушевени што е дел од нашиот тим, тој е еден од нашите лидери на 19 -годишна возраст, тој зачекори во репрезентацијата на Англија како играч на Боорусија и ова е нешто со што навистина сме задоволни. Но, исто така знаеме дека ни треба добар настап од него против Челси за да стигнеме до следната фаза. Ова е нешто што ќе биде тема за неговата иднина, но нашата иднина е дека сега ќе се соочиме со навистина добар противник во Челси и затоа ни треба на добар начин, -порача тренерот Един Терзиќ.

Договорот на Џуд со Дортмунд е до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни