Шпанија
Тер Штеген правеше чуда во пенал рулетот, Рики Пуч ја однесе Барса во финалето (Видео)

Барселона е првиот патник во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако вечерва и без Лионел Меси успеа да го положи исклучително тешкиот испит наречен Реал Сосиедад.
Каталонската гордост и составот од Баскија им понудија спектакуларна фудаблска претстава на фудаблските фанови во Шпанија, бидејќи победникот се решаваше на највозбудливиот и најнеизвесен начин, откако по 120 минути игра немаше подобар ривал на теренот.
Барселона поведе во првиот дел со голот на Френки Де Јонг, но човекот кој требаше да биде јунак, во продолжение беше и трагичар бидејќи тој го направи пеналот по кој Реал Сосиедад израмни преку Ојаразабал во вториот дел. До крајот на регуларниот дел, двата тима доста тактизираа и никој не се осмели да направи разлика на теренот, но затоа дополнителните 30 минути беа фантастични.
Двата тима пропушија фантастични шанси да постигнат одлучувачки гол, но на крајот поблиску до тоа беа играчите на Сосиедад, кои сепак беа спречени од страна на сезнационалниот Тер Штеген.
Германецот ја сочува својата мрежа и првото полуфинале отиде во пенал завршница, таму одново доминираше голманот на Барса кој дефинитивно правеше чуда во „фудбалската лотарија“. Тер Штеген прочита четири од петте изведени пенали на Сосиедад и се фрли на вистинската страна, одбрани два удари, а еден заврши во дирекот. Мерино и Јанузај успеаја да го совладаат во четвртата и петтата серија, но тоа сепак не беше доволно за победа, бидејќи првите три нереализирани пенали беа преголема негатива.
Кај Барселона, Де Јонг го погоди дирекот, Гризман се посрамоти и го префрли голот, а реализатори беа Дембеле, Пјаниќ и Рики Пуч кој на крајот го изведе клучниот пенал со кој Барселона се пласираше во финалето.

- Германијапред 13 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 12 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 14 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 11 час
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 14 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 10 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме