Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез со прва изјава како „душекџија“: Кога го гледав Атлетико од страна, добивав еден впечаток

Објавено

на

Откако го комплетираше трансферот од Барселона во Атлетико Мадрид, Луис Суарез вчера го одработи и првиот тренинг под тренерската палка на Чоло Симеоне, а доцна во ноќта го имаше и првото интервју за официјалната телевизија на клубот.

После цели шест години минати во Барселона кадешто испиша фудбалска историја, популарниот „Ел Пистолеро“ ја одби понудата која ја имаше од Јувентус, се со цел да остане во Шпанија и да се натпреварува во лигата во која веќе се докажа како еден од најдборите на сите времиња.

Понудата од Атлетико Мадрид беше доволно примамлива за да си замине од Барселона, клуб кој го натера да си оди една година порано од истекот на договорот.

Начинот на кој беше испратен предизвика голем револт кај најголем дел од фановите, но Суарез веќе го остава тоа зад себе и е мотивиран на тоа што следи со новиот клуб.

– Имав навистина голема мотивација да испробам друг голем клуб во Шпанија, а Атлетико дефинитивно е тоа. Има врвни играчи во Атлетико, поседува натпреварувачки блок кој секогаш се бори како едно и секогаш е горе на табелата. Нависитна мотивира кога ги гледате луѓето од Атлетико од страна. Го следев клубот од страна, добивав еден впечаток. Навистина ве мотивира самото тоа што гледате како се натпреваруваат, како живеат, со каков интензитет влегуваат во натпреварите. Сакав да почувствувам како е тоа и сега сум внатре, сега сум дел од тимот, – изјави Суарез и додаде.

– Разговорот кој го имав со Чоло исто така помогна, тоа беше голем плус да дојдам тука. Начинот на кој зборува, дополнително ве мотивира, но јас веќе имав желба и страст да пристигнам тука, – завршува Уругваецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни