Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Страшната акробација на Жоао Феликс: Гредата не дозволи да го видиме голот на сезоната во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид со многу мака го победи Салцбург на домашен терен, а во триумфот од 3:2, главно име на теренот беше Жоао Феликс.

Фудбалерот за кој „душекџиите“ платија речиси 130 милиони евра минатата година полека почнува да ги прикажуваа партиите кои се очекуваа од него, па синоќа се прикажа во најдобро светло на највисока сцена во елитното европско натпреварување.

Жоао Феликс ги постигна двата гола за Атлетико во второто полувреме со кои беше направен пресврт (3:2), но сепак, ниту еден погодок не беше атрактивен како она што го приреди на теренот при резултат 0:0.

Португалскиот фудаблски бисер имаше една страшна акробација во првото полувреме, кога изрежира сензационални ножички пред очите на противничкиот голман.

Вистинска штета е што гредата се испречи да видиме неверојатен гол во Мадрид, а сигурно и погодокот на сезоната во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни