Поврзете се со нас

Македонија

Стевче Стефановски го засили Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Стевче Стефановски доби функција во таборот на Еурофарм Пелистер.

Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории, а воедно ќе биде и дел од одборот на директори на клубот од Битола. Од таборот на „фармацевтите“ се задоволни што ќе го имаат Стефановски на располагање и воедно веруваат дека тој ќе помогне тие како клуб да напредуваат, односно ќе помогне младинската школа да се крена на високо ниво.

Стевче е поранешен голман и тренер на Пелистер, па добро знае што е потребно и колку битолската публика е желна за успех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни