Поврзете се со нас

Олимписки игри

Спектакуларен ракометен крај: Франција ја детронизираше Данска во драматичното финале

Објавено

на

Франција го врати олимпиското злато во свој посед, откако во денешното големо финале во Токио, успеа да изрежира слатка одмазда за она што се случи пред пет години во рио.

„Триколорите“ и се реваншираа на моќната Данска за поразот од Олимписките игри во Бразил, такашто во денешното финале го детронизираа актуелниот олимписки шампион и се вратија на тронот по успесите во 2008-ма и 2012-та година.

Франција беше подобра во најголем дел од мечот и постојано го диктираше резултатот, но падот на средината на вториот дел придонесе да гледаме неизвесна и возбудлива завршница, во која повеќе нерви имаа избраниците на Жил.

Французите имаа плус четири на полувреме и плус шест до 40-та минута, но потоа Данска направи извонредна серија и стигна до 22:21. Во првиот обид за израмнување, Микел Хансен беше спречен од неверојатниот Жерар, а потоа најдобриот играч на Данска не реализираше и пенал, што можеби беше и клучно во одлучувачките моменти.

Интересно, Данска имаше последен напад за израмнување на 24:24, но наместо тоа, дојде до грешка и лесен гол на Фабрегас кој ги постави конечните 25:23.

Дел од овој ракометен спектакл беа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои добија чест да го водат големото финале на Олимписките игри, а кога е статистиката во прашање, Микел Хансен до девет гола беше најефикасен на теренот, но тоа не беше доволно против тимската игра на Франција, тим во кој најдобар голгетер беше Ремили, но во листата на стрелците се запишаа дури девет ракометари.

Претходно, во мечот за третото место, Шпанија беше подобра од Египет и го освои бронзениот медал на Олимписките игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни