Поврзете се со нас

Англија

Сон призна дека бил навивач на друг тим од Премиер лигата: Едноставно е, сите го обожаваа Парк

Објавено

на

Ѕвездата на Тотенхем, Хеунг Мин Сон призна дека во минатото навивал за тимот на Манчестер Јунајтед кој е голем ривал на клубот од Севрен Лондон.

Причината што Сон навивал за клубот од „Олд Трафорд“ бил Парк Џи Сунг, еден од најпрославените корејски фудбалери на сите времиња.

Парк го носеше дресот на „ѓаволите“ од 2005 до 2012 период во кој сегашниот ас на Тотенхем бил голем навивач на Јунајтед.

– Навивав за Манчестер Јунајтед затоа што Џи Сунг играше за нив. Тој е национален херој, в Кореа викаат дека тој има две срца. И за мене е херој, а исто така ми е и добар пријател.

– Знаете дека тој е првиот играч кој играл во Премиер лигата, па јас навивав за Манчестер Јунајтед, но сега не можам да го правам тоа, -јасен беше Сон.

29 годишниот фудбалер на Тотенхем со сигурност е најпознатиот корејски фудбалер токму по Џи Сунг Парк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни