Поврзете се со нас

Лига Европа

Солскјер го охрабри играчот кој често добива жестоки критики од јавноста: Фантастично издание

Објавено

на

Манчестер Јунајтед оствари посакувана победа на гостувањето во Шпанија кај Гранада и со предност од 2:0 ќе го пречека реваншот на домашен терен, на кој Оле Гунар Солскјер сепак нема да може да смета на тројца играчи кои беа стартери.

Хари Мегваер, Лук Шо и Скот МекТоминеј заработија јавни опомени од судијата и поради акумулирани жолти картони ќе го пропуштат возвратниот дуел во четвртфиналето, факт кој не му се допадна на менаџерот на Јунајтед и покрај позитивни резултат.

– Резултатот е навистина добар за нас, треба да се говори реално. Предноста е добра, но сепак ова не беше совршена ноќ за нас. Заработивме три жолти картони, а автоматски тоа значат три суспензии. Сите знаеме колку е тешко да се дојде во Шпанија и да се победи. Успеавме во тоа, но работата не е завршена, – изјави Солскјер.

Пред реваншот во Лига Европа, Манчестер го чека дерби пресметка со Тотенхем во Премиер лигата, a во пресрет на овие два предизвици, Солскјер одлучи да пофали еден играч кој редовно добиваше жестоки критики.

– Ако треба да издвојам еден играч по мечот со Гранада, тоа е Виктор Линделоф. Тој не држеше „залепени“ во одбрана и исто така беше многу добар со топката во своите нозе. Фантастичен натпревар и спектакуларен пас по кој го отворивме резултатот, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни