Поврзете се со нас

Олимписки игри

Словенците откриваат: Дончиќ одби да го урне олимпискиот рекорд

Објавено

на

Лука Дончиќ брилјираше на своето олимписко деби и понуди спектакуларна партија со која Словенија успеа да ја надигра Аргентина, натпревар на кој актуелниот светски вицешампион изгледаше беспомошно во обидот да го сопре еден од најдобриоте играчи во светот.

Словенија на крајот победи со 118:100 во натпревар на кој Дончиќ уфрли дури 48 поени, но оваа средба ќе остане запаметена и по тоа што Лука самиот одбил да го брка и да го урне олимпискиот рекорд.

Дончиќ постигна дури 31 поен во првото полувреме, погоди 18 од 29 шута, но реши да одмори во последните 6 минути и да застане на бројката од 48 поени.

Лука имаше одлична шанса да го урне олимпискиот рекорд по број на постигнати поени на еден натпревар кој е во посед на Оскар Шмит (55 поени), но иако првично се мислеше дека тоа била одлука на тренерот, соиграчите на Дончиќ открија дека ѕвездата на Далас игра за тимот, а не за лични рекорди.

– Ние како соиграчи му предложивме на тренерот да го врати Лука во игра, но Лука не го сакаше тоа. Тој не игра во репрезентацијата за да поставува лични рекорди, тој игра за победа на Словенија, – изјави Јака Блажиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни