Поврзете се со нас

Англија

Сколс го предвиде лошиот ден на Јунајтед: Фановите го критикуваа, па сега ја споделуваат неговата изјава (Видео)

Објавено

на

Пол Сколс заработи многу негативни критики меѓу фановите на Манчестер Јунајтед, затоа што се обиде реално да го предупреди својот поранешен клуб дека победата над Аталанта не е реална слика за квалитетот на екипата.

Јунајтед ја победи Аталанта со голем пресврт, но коментирајќи ја победата, Сколс потенцираше дека со таква игра, тимот на Солскјер не може да се носи со противници како Ливерпул и Манчестер Сити.

Дел од фан базата на Јунајтед сметаше дека Сколс претерува со коментарите и негодуваа поради таквиот став, за денеска по катастрофалниот пораз од Ливерпул, видеото со изјавата на англиската легенда да стане вирално.

– Првото полувреме беше ужасно, катастрофално. На крајот се слави секоја победа и затоа некои ќе кажат дека сум мизерен. Но, јас гледам на она што следи. Играме со Ливерпул претстојниот викенд, а потоа и со Сити во ноември. Ако играме со двајца дефанзивни играчи за врска како против Аталанта (Фред и МекТоминеј), ќе губиме со 3 или 4:0 и ќе нема враќање назад, – порача Сколс пред неколку дена.

Навивачите сега сметаат дека Сколс убаво ги предупредил фудбалерите на Јунајтед, но очигледно дека ниту тие не верувале во неговите зборови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни