Поврзете се со нас

Германија

Сигурно ќе добие лекција од Нагелсман: Млада ѕвезда на Баерн се посрамоти на средбата со Ајакс (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен и Ајакс одиграа без победник на денешниот пријателски меч што се одигра на „Алијанц Арена“.

Во двете полувремења екипите постигнаа по еден гол за конечни 2-2. Меѓутоа резултатот на оваа средба можеше да биде и поинаков ако во финишот на првото полувреме младата ѕвезда на домаќините, Џошуа Зиркзе не се посрамотеше, односно ја завршеше акција онака како што требаше.

Зиркзе се најде во одлична позиција, го мина и голманот, па кога сите очекуваа да ја смести топката во мрежата тој се однесуваше ноншалатно и пред него интервенираше стоперот на Ајакс.

Погледнете ја акцијата и ќе ви стане повеќе од јасно дека офанзивецот сигурно ќе добие лекција за ова од тренерот Јулијан Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни