Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го победи Вардар, АП Брера и Тиквеш со максимален ефект

Објавено

на

Шкупи го совлада Вардар (0:1) во скопското дерби одиграно на стадионот во Маџари со гол постигнат во завршницата, а Тиквеш беше вториот тим кој оствари гостинска победа во второто коло на Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш беше убедлив на гостувањето кај Гостивар, победувајќи со 0:3, а триумфот на АП Брера против Воска Спорт (2:0) ги направи овие две екипи засега единствени со максимален учинок.

Крстевски и Руфати ја донесоа победата на струмичани, додека Нилтињо го реши победникот на дуелот меѓу Вардар и Шкупи, на кој гостите стигнаа до првата победа, додека „црвено-црните“ го забележаа и вториот пораз по враќањето во елитата.

Македонија Ѓорче Петров го совлада тимот на Брегалница со минимални 1:0, а сигурен беше и Силекс на дуелот со Работнички, каде го реши победникот (2:0) со два гола постигнати во првиот дел.

Вардар-Шкупи 0:1
Силекс-Работнички 2:0
Македонија Ѓ.П-Брегалница 1:0
АП Брера-Воска Спорт 2:0
Гостивар-Тиквеш 0:3

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни