Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шевченко: Имав кошмари по финалето со Ливерпул (ВИДЕО)

Објавено

на

Андриј Шевченко е еден од играчите кој беше дел од славната генерација на Милан, тим со кој успеа да освои два пехари во Лигата на шампионите, но и да загуби еден во епското и незаборавно финале против Ливерпул во 2005 година.

„Росонерите“ водеа со 3-0 по првото полувреме, ама во продолжението се случи вистинско чудо, премиерлигашот се избори за 3-3 за да на крајот го комплетира кам-бекот по пенал серијата. Таа средба Шевченко никогаш нема да ја заборави, пораз по кој имал кошмари во наредните месеци.

-Во наредните три месеци се будев врескајќи во текот на ноќта. Понекогаш сè уште размислувам за тоа, многу од моите соиграчи никогаш не сакаа да го гледаат тој натпревар повеќе, додека јас го знам напамет. Шансите на Ливерпул беа една на сто, ама не се предадоа, секоја чест за нив, -вели Украинецот кој смета дека во 2009 донел вистинска одлука со преселбата во Челси.

-Галијани и Берлускони се обидоа да ме задржат на секој начин. Милан беше мојот дом, но Абрамовиќ се обидуваше да ме потпише веќе три години. Му се одмаздив на Ливерпул, но со Челси не минав добро. Сепак, не мислам дека тоа беше грешка, -истакна Андриј.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни