Поврзете се со нас

Англија

Шест играчи кои Ливерпул ќе се обиде да ги продаде до крајот на преодниот рок

Објавено

на

Екипата на Ливерпул не е премногу активна во овој преоден рок и досега има донесено само едно засилување во името на Ибрахима Конате кој пристигна од РБ Лајпциг за сума од 35 милиони фунти.

„Црвените“ се поврзуваат и со други играчи, меѓутоа ништо поконретно, официјално немаше и останува да видиме дали тоа така ќе остане до крајот на преодниот рок. Од друга страна пак великанот треба да се ослободи од некои фудбалери за да ги исполни правилата на ПЛ и да го достави својот состав од 25 асови за сезоната 2021-22.

Поради ова „Мирор“ издвои шест играчи кои можат да бидат на излезни врати од „Енфилд Роуд“. Тоа се Дивок Ориги, Џердан Шаќири, голманот Лорис Кариус, потоа дефанзивците Натаниел Филип и Бен Филипс како и Шеи Оџо кој веќе долги години е испраќан на позајмици во различни клубови.

Само за потсетување Ливерпул денеска ја продолжи соработката со Фабињо.

Бразилецот останува на „Енфилд Роуд“: Фабињо потпиша нов договор со Ливерпул

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни