Поврзете се со нас

Свет

Шефот на ФИФА во фокусот: Венгер излезе со револуционерен предлог за менување на традицијата на Светските првенства

Објавено

на

Арсен Венгер веќе извесно време работи како шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА и прави се за подобрување на најважната споредна работа во светот, па со оглед на авторитетот кој го има во светскиот фудбал со години наназад, привлече огромно внимание со последната изјава која ја даде во јавноста.

Како официјален амбасадор на ФИФА и постојан коментатор при гостувањата во „БеИН Спортс“, Венгер сега излезе со едно револуционерно решение за Светските фудбалски првенства, односно даде предлог со кој би се променила фудбалската историја и традиција која се негува речиси 100 години.

Французинот смета дека Светските првенства треба да се играат на секои две години, а како добро образложение за својот предлог ја понуди следната теорија:

– Ако погледнете добро и попретпазливо  ги анализирате тимовите кои настапуваат на Светските првенства, просечната година на еден тим е измеѓу 27 и 28 години. Тоа е така поради тоа што Светското првенство се игра на секои четири години, па затоа еден фудбалер има многу помали шанси да го освои кога ќе се врати со 32 или 33 години. Можеби треба да го организираме Светското првенство на секои две години, – изјави Венгер, кој подолго време е против Лигата на нации која ја формираше УЕФА.

– Се друго треба да се исфрли. Да се организираат првенства само кои имаат вистинско значење и да се исфрли се што е споредно и паралелно. Луѓето сами ја препознаваат важноста на натпреварувањето, непотребни се споредни турнири и натпреварувања, – додава Арсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни