Поврзете се со нас

Италија

Шчесни го откри мотивот на Ди Марија да го изведе обидот за спектакуларен гол во Нант

Објавено

на

Јувентус имаше успешен настап во Нант и со убедлива победа си обезбеди место меѓу најдобрите шеснаесет екипи во Лига Европа.

Инспиратор на победата 0:3 за „бјанконерите“ беше Анхел Ди Марија, кој стигна до првиот хет-трик откако настапува во италијанскиот состав, а посебни признанија и комплименти добива за првиот погодок.

Маестралната реализација ги воодушеви фудбалските фанови, а голманот Војчех Шчесни објасни како Аргентинецот профитирал од противничкиот голман.

– Ди Марија е неверојатен фудбалер.

– Пред натпреварот утврдивме дека нивниот голман сака да стои подалеку од голот, па и дека пласираните топки би биле добра солуција. Сепак, не мислев дека Ди Марија ќе се реши на таков удар и на таков начин. Ова беше страшен гол на голем шампион, – истакнал голманот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни