Поврзете се со нас

АТП

Шаповалов по победата над Надал: Беше тешко да се гледа како страда

Објавено

на

Денис Шапавалов успеа со пресврт да го победи Рафаел Надал и да обезбеди место во четвртфиналето на турнирот во Рим.

Во овој резулат улога одигра повредата на Рафаел Надал кој одново имаше проблем со стапалото и не можеше да го даде својот максимум. Рафа по средбата порача дека е фрустирачки да се живее со повреда, хроничен проблем поради кој останува да видиме дали ќе може да настапи на Ролан Гарос, а ако биде активен како ќе се покаже.

Шаповалов од друга страна секако дека беше задоволен од остварениот резултат, но призна дека му било тешко да гледа како противникот се мачи во финишот на средбата.

-Беше тешко да се гледа како страда на крајот од натпреварот. Не сакате да гледате како се случуваат такви работи, особено не легенди како Рафа. Се надевам дека е во ред, тој носи многу добро во нашиот спорт. Се надевам дека ќе биде подготвен за настап на Ролан Гарос и дека не е ништо сериозно – изјави Канаѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни