Поврзете се со нас

Италија

Серија А: Шампионот Милан ќе има возбудлив старт на сезоната, петтото коло носи три дерби пресметки (Фото)

Објавено

на

Ова попладне се изврши ждрепката во италијанската Серија А и сите 20 тима го дознаа патот кој ќе го имаат во новите интересни 38 кола, во кои Милан влегува како бранител на титулата.

„Росонерите“ ќе имаат многу поголема одговорност како актуелни шампиони, па возбудувањата за нив ќе бидат уште поголеми ако се земе во предвид стартот кој ќе го имаат во новата сезона.

Милан ќе ја отвори кампањата со дуел на домашен терен против Удинезе, потоа оди на гостински терен кај градскиот сосед во Бергамо, Аталанта, а по натпреварите со Болоња и секогаш незгодниот Сасуоло, следи големото дерби против Интер.

Петтото коло во новата сезона носи навистина интересни пресметки, бидејќи во таа рунда ќе има уште два дерби дуели меѓу Лацио-Наполи и Фиорентина-Јувентус.

Интер како вицешампион ќе ја отвори сезоната на гостувањето кај Лече, Јувентус ќе го дочека Сасуоло, Наполи и Елмас ќе се пресметаат со Верона на гостински терен, додека Рома ќе патува воо Салерно. Сезоната ќе стартува викендот 13-ти и 14-ти август. За разлика од Милан, Интер ќе има полесен распоред до дербито во петтото коло, бидејќи покрај Лече, ќе ги одмери силите со Специја и Кремонезе, а сериозен тест ќе биде само Лацио.

Во првите пет рунди, покрај воведната пресметка со Сасуоло и дербито со Фиорентина во петтото коло, Јуве ќе се сретне и со Сампдорија, Рома и Специја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни