Поврзете се со нас

Македонија

Серафимов се врати во Македонија и потпиша за Академија Пандев

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов потпиша за тимот на Академија Пандев.

Тој е прво засилување за пандевци и неговата задача ќе биде да ја засили одбраната, поточно срцето на истата. Серафимов се промовираше на домашната сцена како член на Вардар, но потоа си замине од клубот од Скопје и тоа во Чешка во составот на Јихлава Височина.

Ама тоа не се покажа како вистински потег, па сега Никола се враќа дома и тоа во Академија Пандев каде ќе се обиде да се врати кариерата во посакуван правец. Тој денеска го одработи првиот тренинг со новите играчи, а клубот му посака многу успеси во новата средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни