Поврзете се со нас

Боречки спортови

Се разгорува атмосферата пред спектакуларната борба, Гетјџи со предупредување до Хабиб: Ветувам дека…

Објавено

на

Полека, но сигурно се доближува датумот за кој е закажана спектакуларната борба помеѓу Џастин Гејтџи и Хабиб Нурмагомедов.

Дагестанецот во овој меч кој е закажан за 24 октомври влегува како фаворит, а ова ќе биде негово прво појавување по семејната трагедија и смртта на неговиот татко кој почина поради последици од Ковид-19.

И покрај тоа што Нурмагомедов е фаворит на овој натпревар, Гејтџи верува дека може да му го нанесе првиот пораз во октагонот, и со својата изјава ја потпали атмосферата пред нивниот двобој.

Американецот вети дека ќе се обиде да му го разнесе лицето на Хабиб кој досега лесно се справувал со секој борач во октагонот.

– Можам да ви ветам дека ќе се обидам да му го разнесам лицето. Тешко е да се победи, ќе биде уште повеќе мотивиран затоа што татко му почина, а тоа за луѓето како нас е мотивација. Ќе биде мотивиран 100%, но верувам дека можам да го победам.

– Влогот е огромен, може да ми се промени животот. Подготвен сум и може да се обложите дека нема да испаднам ку*ка. Кога ќе го добијам овој појас, метата ќе ми биде на грбот и нема да имам потреба никого да предизвикувам. Искрено, по Хабиб нема да ми биде важно против кого се борам, -изјави Гејтџи кој има скор 22-2, а 19 од борбите ги добил со нокаут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни